Во ковид-центарот во Тетово имало 26 пациенти, 14 загинаа, 12 се префрлени во тетовската болница
Објавено на 9 септември, 2021 во 12:10
Министерството за здравство соопшти дека во вчерашниот пожар во ковид-центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.
Во ковид-центарот за време на пожарот, како што се посочува, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.
„Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди,“ информираат од Министерството и изразуваат сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.
Од Министерството потенцираат дека во текот на денот постојано ќе информираат за сите нови детали околу случајот и апелираат медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.