Во Македонија период со вистински летни температури и висок УВ индекс!

Објавено на 1 јуни, 2025 во 08:36

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран, информира метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.

И во Скопје  и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така  и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден на повеќе места ќе се искачат до и повремено над 30 степени a во Повардарието и до и над 35 степени.

УВ индексот ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува помеѓу 7 и 8,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.