Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава
Во октомври годинава Македонија ја посетиле 94.165 туристи, од кои 28.9 проценти се домашни туристи, а 71.1 отсто се странски туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во октомври 2023 година изнесува 187 272, од кои 36.7 % се од домашните туристи, а 63.3 % од странските туристи.
-Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 38.6 %. Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 23.5 % – соопшти ДЗС.
Дума.мк