Во САД одобрена вакцинација против ковид на деца постари од шест месеци
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) одобри вакцинација на деца на возраст од шест месеци до пет години со вакцини против Ковид -19 од производителите Moderna и Pfizer. На овој начин се отвори патот за вакцинација на најмладите во Америка.
Рејчел Валенски, директорката на ЦДЦ, рече дека „силно препорачува“ родителите да ги вакцинираат своите деца против ковид 19.
– Знаеме дека милиони родители и старатели едвај чекаат нивните деца да ја примат вакцината, а по денешната одлука тоа ќе биде можно – рече Валнески.
Во групата од шест месеци до пет години има околу 18 милиони деца во САД.
Pfizer вакцината за најмладите е иста како и за возрасните, со тоа што се дава една десетина од дозата која се дава на возрасни.
Вакцината се дава во три дози. Интервалот помеѓу првите две е две недели, додека третата се прима најдоцна два месеци по втората доза.
Вакцината на Moderna за деца е всушност четвртина од истата вакцина за возрасни и се дава во две дози со разлика од четири недели.
Америка е првата земја што одобри вакцинација на најмладите против ковид 19.