Во штипскиот затвор најденa дрога, мобилни, ножеви и пари

Објавено на 28 јуни, 2022 во 13:15

Од Министерството за правда информираат дека денеска била спроведена координирана акција во КПД Штип.

-Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО.При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице.

Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи.Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, информираат од првада.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License