Во тек дополнителна исплата на образовен додаток

Објавено на 31 октомври, 2024 во 15:02

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024 година.

Дополнителната исплата се врши согласно Законот за заштита на децата во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.

-Во овие случаи  исплатата  за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година, пишува во соопштението на министерството.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.