Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено: 6 март, 2026, во 15:27 часот

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска, 6 март,  започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година.

„Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките,“ соопштија од министерството.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.