Во тек е исплатата на социјална и детска заштита
Објавено: 7 ноември, 2025, во 08:42 часот
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека започна е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат од 6 ноември да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, велат од Министерството.
За корисниците кои не користат картички, како што посочуваат од Министерството, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа на 6 ноември од А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л до Љ и на 7 ноември од М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ до Ш.
Дума.мк

