Во Велес утрово измерени три степени, најстудено во Лазарополе а најтопло во Дојран
Најстудено изутрина е во Лазарополе, каде во 7:30 часот се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со 10 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка и Маврови Анови се измерени – 1, во Берово, Крива Паланка, Битола и Претор 1 степен, во Тетово, Крушево, Прилеп, Охрид и Дебар два, Куманово и Велес три, Скопје-Петровец и Кавадарци – четири, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Штип – пет, Виница и Демир Капија – шест, а во Гевгелија 9 степени.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Гевгелија, два литри на на метар квадратен.
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност и слаб локален дожд во југоисточните делови. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 километри на час. Изутринава е променливо облачно, наместа дува слаб ветер од јужен правец.
Дума.мк