Временска прогноза: Денешниот е најтоплиот ден годинава
Објавено на 8 јуни, 2025 во 10:16

„Денес,недела, 8 јуни, во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ индексот ќе има многу висока вреднот со коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега, оваа 2025 година,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
