Временска прогноза: Натпросечно топло, од четврток и нестабилно со врнежи и грмежи!
Објавено: 8 септември, 2025, во 08:44 часот
„Под влијание на топла воздушна маса од југ, и во текот на оваа седмица во Македонија ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 32/33 степени.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност а од четврток, 11 септември,и во деновите потоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. И во делови од Скопскиот регион од четврток, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Во текот на оваа седмица ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


