Временска прогноза: Поради фронтална долина, во Македонија следува променливо и нестабилно време!

Под влијание на плитка фронтална долина со поладен воздух, на висина која се наоѓа над територијата на југоисточна Европа, од денескa, понеделник,19 мај, до недела, 25 мај, во Македонија следува период на променливо облачно и топло време, но без летни температури и поголемо затоплување, вообичаено за втората половина на мај, прогнозира Славчо Поповски.
„Локално, од пладневните часови ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра, од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не ја исклучувам можноста и за локална појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во попладневните часови повремено ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра, проследени со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер во зоната на нестабилност, но и услови за краткотрајно невреме во делови од Скопската котлина.
Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 25 степени. Како што веќе кажав, Африканските топли бранови кои требаше веќе да се започнати, ги оставаме на долго чекање, поради тоа што на повидок такво нешто нема, најмалку до 3 јуни.
На следниот линк можете д ја следите алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/, додава метеопрогнозерот Поповски.
Дума.мк
