Временска прогноза: Претстојат нагли временски промени, многу потопло па поголемо освежување!

Објавено: 19 август, 2025, во 09:04 часот

„Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од среда, 20 август, до петок, 22 август, времето во Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Температурите ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 степени.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе биде стабилно, сончево и значително потопло со температура која ќе се искачува до околу 36/37 степени.

Во петок ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој ќе биде најава за нова поголема промена на времето за време на викендот, сабота  и недела 23/24 август, кога ќе има локални врнежи од дожд и значително освежување како резултат на  продор на значително посвежа воздушна маса од север којашто ќе услови повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието.

Детална метео анализа околу оваа промена на времето која ни следува во следните мои метео објави,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.