Времето денеска променливо облачно
Објавено: 24 јуни, 2022, во 09:13 часот
Претпладне на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во следните денови ќе настапи делумно стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.


