Врнежи од дожд и пад на температурите
Објавено на 8 јули, 2022 во 09:37

Во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).
Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 литри на метар квадратен), град и силен ветер (над 60 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6.
В сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време
