Вторник, 2 Август, неработен ден за сите граѓани
Објавено: 29 јули, 2022, во 13:30 часот
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (вторник) 2022 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.


