За половина денар ќе поевтинат бензинот и дизелот

Објавено на 11 март, 2024 во 16:25

Малопродажните цени на бензинот и на дизел горивото, како и на нафтата за домаќинствата од вечерва по полноќ ќе се продаваат за половина дена поевтино по литар, а ќе поскапи мазутот за 0,267 денари по килограм.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,50 (денари/литар) – Дизел гориво

– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 44,019 (денари/килограм)

Оваа е минимално намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 проценти, што се должи на пад на референтни цени на светските пазари.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.