Заев: Недела неработен ден од 1 октомври

Објавено на 8 јуни, 2021 во 15:29

Премиерот Зоран Заев на прес конференција информираше дека Владата го утврди текстот на измените и надополнувањата на Законите за работни односи и Законот за трговски друштва со кои недела се прогласува за ден за неделен одмор и овие законски измени ќе бидат ипратени на усвојување во Собранието.

– Тоа е ветување што владата го стави како приоритет во својата програма и откако ги завршиме сите консултации во еден исклучиелно инклузивен процес го утврдивме усогласеното законско решение. Примената на оваа одлука ја проектираме да започне на 1. октомври – рече премиерот Заев.

Тој додаде дека неделата ќе биде ден за неделен одмор, а работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата за тој ден или пак слободен друг ден.

– Вработените во секторите кај кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес, ќе добиваат дневница, повисока за најмалку 50% од редовната и слободен ден во наредните седум дена – појасни премиерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License