Заладување во Македонија, ќе врне и дожд и ќе паѓа снег

Објавено: 9 февруари, 2026, во 09:06 часот

„Влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува  и во почетокот на новата седмица но со тоа што денеска, понеделник, 9 февруари, од север кон Македонија ќе се спушта поладен воздух кој ќе предизвика заладување и пад на температурите на воздухот кои преку ден ќе се движат од 3 до 11 степени а во Скопје до околу 6 односно 7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

На повеќе места влијанието на овој циклон ќе услови да имаме нови повремени врнежи од дожд а на повисоките места, над 1000 метри надморска височина, врнежите ќе преминуваат во снег. На планините  и во Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.

Вечерва и во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина па така послаби врнежи од снег можно е да има и во делови од повисоките населени места во Македонија, особено во северните  и во североисточните предели од Македонија.

Локално пак, во јужните и во југоисточните предели, ќе наврнат нови над 15 литри дожд на метар квадратен,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.