Заладување во Македонија со снег на повеќе места
Објавено: 8 јануари, 2026, во 09:04 часот
„Во овие утрински часови на денешниот ден, четврток, 8 јануари, во Македонија поради продор на ладен воздух од север, врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели од Македонија. Снежната граница полека се спушта па така во следните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег на повеќе места во Македонија. Особено во западните предели на државата ќе се формира снежна покривка, повисока во населени и планински места и тоа со висина од 10 до 15 сантиметри, локално, а некаде и над 20 сантиметри.
Во градовите, локално, ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од западен и од северозападен правец а потоа и од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Послаби врнежи на снег ќе има и во Скопје со околината проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурите денеска ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 3/4 степени. На повисоките населени и планински места температурите ќе бидат под нулата и преку ден,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


