Заврши учебната година, започнува летниот одмор на учениците

Објавено на 10 јуни, 2025 во 10:59

Денешниот последен е училишен ден од учебната 2024/2025 година за учениците во основното и средно образование. Тие до 31 август заминуваат на летен распуст.

За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15.000 матуранти го полагаа на 31 мај.

Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование.

Пријавувањето е преку линкот https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, првото ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата – на 18 јуни и 19 јуни.

Второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 30 јуни, а документите ќе ги доставуваат следниот ден, 1 јули.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.