ЗЕЛС: Малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Објавено на 10 февруари, 2025 во 12:19

Воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам од страна на малолетни сторители и ќе придонесе кон нивна ресоцијализација е целта на Иницијативата која беше предложена од Општина Центар, а едногласно усвоена од ЗЕЛС.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, а дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.