Можност за легализацина на трактори и приколки

Објавено на 27 октомври, 2012 во 19:06

Голем број земјоделски производители од Тиквешијата имаат можност да ги легализираат тракторите и  приколките откако на почетокот на овој месец беа донесени измените на Законот за возила. Истите ќе бидат на сила 6 месеци, период кој земјоделците треба да го искористат за започнат судска постапка за легализација на тракторите кои ги имаат купено без соодветна документација.

Од полицијата велат  дека после рокот од 6 месеци за сите нерегистрирани трактори ќе се постапува согласно законските одредби.

Измените се донесени по барање наголем број граѓани и МЗШВ со цел земјоделските производители да имаат технички исправна механизација, регистрирана согласно законските прописи во земјава.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.