Земјотрес од 4,7 степени според Рихтер ја погоди Русија
Објавено на 22 декември, 2023 во 15:05
Русија денеска ја погоди земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случи на 148 километри северно од градот Петропавловск-Камчатски, во близина на источниот брег на полуостровот Камчатка, додадоа од Институтот.
Епицентарот се случил на длабочина од 67 километри.
Дума.мк