Земјотрес со интензитет од 3 степени почувствуван во Делчево и Берово
Објавено на 1 октомври, 2024 во 09:50
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, во 21 часот и 28 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2. со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Како што претходно објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со епицентар на 12 километри северно од Берово. Потресот бил на длабочина од 12 км, а бил почувствуван и во соседна Бугарија.
Минатата недела два слични, послаби земјотреси беа регистрирани во земјава.
Дума.мк