Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Објавено на 12 декември, 2022 во 14:34

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2022 година изнесувал 81 848, од кои 34.8 % се домашни , а 65.2 % се странски туристи.

Во октомври се евидентирани 180 003 ноќевања, од кои 41.8 % се од домашните туристи, а 58.2 % од странските.

Во периодот јануари – октомври 2022, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 5.8 %, а кај странските за
85.7 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 22.6 %, кај домашните туристи има зголемување за 3.6 %, а кај странските за 73.0 %.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.