Зима во есен, утрово измерени минусни температури
Објавено на 20 октомври, 2025 во 09:53

Денешното утро ни донесе невообичаено ладно време за овој период од годината со зголемена облачност на повеќе места, пишува Метеоаларм. Температурите ова утро беа под просекот за овој период од годината па така најладно до 8 часот утрово беше во Берово со измерена температура од -2 степени.
На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија до 8 часот по градови и места и тоа на мерните станици на УХМР.
-Да напоменам дека станува збор за минимални температури измерени ова утро во нашата држава, вели Славчо Попоски.



