Зимата се врати: Времето нагло залади има обилни врнежи од дожд а на планините од снег
Објавено: 22 април, 2026, во 09:00 часот
„Територијата на Македонија во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, среда, се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено со обилни и многу обилни врнежи. Особено овилни беа во западните предели од Македонија. Најмногу воден талог, до 8 часот утрово, наврна во Маврово и тоа 48 литри на метар квадратен воден талог.
Изминатата ноќ настапи нагло заладување на времето проследено со северен ветер па така на планинските места над 1300/400 метри надморска височина врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег. Утрово снег има на Попова Шапка, Маврово, Лазарополе како и на планинскиот превој Стража.
Најладно утрово до 8 часот беше на Попова Шапка каде температурата се спушти под нулата, односно измерени се -2 степени.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури за денес по градови и места во Македонија до 8 часот утрово како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен на мерните станици на УХМР.

До крајот на денов времето продолжува да биде ладното, за овој период од годината, со северен ветер и локални врнежи од дожд а на планините над 1300/1400 метри надморска височина и собено во западните предели од Македонија и понатаму ќе има повремни врнежи од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец а температурата денес во Македонија ќе се искачува во интервалот од 5 до 16 степени а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.
Да напоменам дека на планинските и на Скијачките места во Македонија температурата ќе се задржи околу нула. На планините со поголема надморска височина температурата постојано ќе биде под нулат, соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк



