Анџелина Џоли: „Моите деца уживаа да јадат скорпии и тарантули“ (видео)

Објавено на 29 јуни, 2022 во 10:29

На нашиот јазик има изрека дека „за вкусовите не вреди да се расправа“, меѓутоа, изборот на исхрана што популарната убавица Анџелина Џоли го избра за себе и за своите деца го згрози целиот свет.

Анџелина моментално снима филм во Камбоџа, од каде потекнува нејзиниот најстар син Медокс, а на тоа патување ги однела и своите деца. Во сетот уживаат на необичен начин, а посебно внимание посветуваат на подготовката на храната. Користат храна која се наоѓа во нивната околина, а на менито има скорпии, пајаци и бубачки.

Анџелина за време на интервју за Би-Би-Си сподели видео на кое може да се забележи како познатата актерка подготвува ручек за своето семејство.

– Уживаа да јадат скорпии, особено Шајло. Таа сака тарантули и бубачки. Сите мои деца можат да изедат вреќа штурци како вреќа чипс, навикнати се на тоа. Сега учам како подобро да готвам инсекти со малку зачини – изјави актерката и ја згрози јавноста.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.