Цавтат прогласен за најубав крајбрежен град во Европа за 2026 година

Објавено: 31 јануари, 2026, во 11:15 часот

Според изборот на организацијата „Европски најдобри дестинации“, објавен во списанието „Форбс“, Цавтат седиштето на областа Конавле, на Јадранско море прогласен е за најубав крајбрежен град во Европа за 2026 година. Цавтат е 15 км оддалечен од Дубровник.

Меѓу повеќе од 200 европски дестинации, го освои првото место благодарение на комбинацијата од богато културно наследство, венецијанска архитектура и исклучителна природна убавина.

„Форбс“ го посочува Цавтат како идеална дестинација за мирен медитерански одмор, а особено се истакнуваат знаменитости како што се куќата на Влахо Буковац и Мавзолејот на семејството Рачиќ. Така, Цавтат се најде пред познати места како Капри, Сен Тропе и Портофино.

Извор: Радио телевизија Будва

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.