Денес започнува летото – најдолгиот ден во годината

Објавено на 21 јуни, 2022 во 10:56

Летото на северната хемисфера започнува денеска во 11 часот и 13 минути. Зимата започнува во исто време на јужната хемисфера.

За жителите на северната хемисфера, летото започнува во моментот кога насоката на северниот дел од Земјината оска е најблиску до Сонцето. На тој ден висината на сонцето напладне е најголема во текот на годината.

Во исто време, зимата започнува за жителите на јужната хемисфера.

На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг – ќе трае 15 часа и 36 минути.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.