Џиновска панда во Јапонија родила близнаци
Објавено: 28 јуни, 2021, во 12:38 часот
Гигантска панда по име Шин Шин, која живее во зоолошка градина во Токио, родила близнаци.
Директорот на зоолошката градина Јутака Фукада изјавил дека близнаците панда се родени во таа зоолошка градина за прв пат.
Полот на младенчињата сè уште не е објавен, пишува Би-Би-Си.
Џиновските панди се многу тешки за одгледување во дивината и во зоолошките градини, останати се само неколку илјади и тие припаѓаат на загрозените видови животни.
