Џони Деп по победата: Најдоброто допрва доаѓа
Џони Деп ја доби тужбата за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која ја тужеше под обвинение за семејна злоставуваење. Познатиот актер се огласи по пресудата со писмо објавено на социјалите мрежи.
„Пред шест години, мојот живот се смени засекогаш, животите на моите деца, животите на најблиските, но и животите на луѓето кои ме поддржуваа многу, многу години и веруваа во мене.
Се додека трепнеш. Преку медиумите беа изнесени лажни, многу сериозни и криминални наводи против мене, кои предизвикаа канонада омраза, иако никогаш не беше покренато обвинение против мене“, рече Деп и додаде дека сето тоа многу влијаело на него и на неговата кариера.
„И шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум смирен“, додаде тој.
Вели дека долго време размислувал да продолжи со овој случај.
„Од самиот почеток целта на покренувањето на овој случај беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Најдоброто допрва доаѓа, а новото поглавје конечно започна“, рече Деп.
„Вистината никогаш не умира“, додаде тој на латински („Veritas numquam perit.“) во својата изјава, пренесува Би-Би-Си.