Лоши финансиски навики
Дури третина добитници на лотарија, според истражување, банкротирале во рок од пет години. Нема многу смисла да се штеди – ако незнаете зошто го правите тоа. Затоа смислете што всушност сакате со парите и ослободете се од лошите финансиски навики. Така секогаш ќе имате се што ви е потребно.
Чистење
Огранизирајте место на кое ќе ги чувате сметките. Одделете ги платени од неплатени сметки.
“Совест”
Пронајдете “парична совест”. Тоа може да биде родител, пријател, брат или сестра. Повикајте го веднаш кога ќе дојдете во искушение да трошите.
Граници
Донесете одлуки како: за маица нема да платите повеќе од 800 денари, за пантолони повеќе од 2000 денари и строго придржувајте се до овие граници кои сами ќе си ги поставите.
Кеш
Купувајќи со картици луѓето не гледаат колку трошат, затоа претпочитајте плаќање во готово со што може да заштедите 20% годишно, велат финансиски експерти.
Запишувајте
Запишувајте ги сите трошоци. После еден месец анализирајте на што се сте потрошиле и како може да ги намалите трошоците.
Визуелизација
Креирај визуелни потсетници за своите финансиски цели. Тоа може да биде колаж од слики кои претставуваат она што е важно за вас: семејни слики, далечни дестинации, сликата дизајн, како сакате.
Заработка од хоби
Претворете го вашето хоби во извор на приходи. Одберете три вештини во кои сте најдобри – продавајте торти, пишувајте блогови, колумни …