Интересни факти за копчињата – како се појавиле брошевите?

Објавено на 25 јануари, 2022 во 11:46

Во бронзеното време, луѓето биле толку воодушевени од копчињата што ги шиеле на облека и ги носеле без друга причина освен како украс. Подоцна, од оваа навика се појавиле и брошевите.

-Во античко време, богатите жени никогаш сами не ги закопчувале блузите – тоа го правеле шивачките или слугинките. Една од нив ќе застанела пред жената и полесно било да ја закопча блузата доколку копчињата биле сошиени од левата страна.

-Наполеон наредил сите негови војници да имаат копчиња на ракавите за да ги спречи да си гo избришат носот. Така кошулите добиле копчиња и на ракавите.

-Во времето на старите Грци и Римјани, копчињата биле направени од дрво, метал, рогови и коски од животни или пак школки.

-Во 1620 година, војводата од Бакингем носел наметка со мноштво дијамантски копчиња – се разбира, тие служеле само како украс.

-Јапонците носеле бисерни копчиња, а околу 1860 година пазарот „полудел“ по нив.

Извор: 24 sata.hr

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.