Излезе трејлерот за филмот за животот на Мерилин Монро: Луѓето се воодушевени! (видео)

Објавено на 20 јуни, 2022 во 11:52

„Нетфликс“ штотуку го објави првиот трејлер од долгоочекуваниот биографски филм за Мерилин Монро насловен „Blonde“.

Познатата актерка ја отелотвори Ана де Армас, а филмот е базиран на истоимениот бестселер на Џојс Керол Оутс, кој доживеа голем успех.

Приказната го следи животот на Мерилин додека сè уште се викала Норма Џин, како и нејзиниот подем и слава и романтичните заплетки.

По објавувањето на трејлерот, публиката, судејќи според коментарите е воодушевена од прикажаното.

„Едвај чекам“, „Неверојатно колку личи на Мерилин“, „Мислам дека ова ќе биде одличен филм“, се некои од коментарите.

Филмот „Blonde“ треба да се појави на „Нетфликс“ оваа есен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.