Џеј Ло во Белград пристигнува со хеликоптер!!

Објавено на 4 ноември, 2012 во 00:01

Џенифер Лопез пејачката која треба да одржи концерт во Белград, на 20 ти овој месец, ќе пристигне со хеликоптер на српската полиција или војска, управуван од еден од најдобрите српски пилоти.

 

Џенифер подготвила 72 задачи за организаторите. Латино поп ѕвездата изразила желба од аеродромот до платото пред Белградската Арена пристигне токму со хеликоптер.

Нејзината желба може да се исполни само со помош на војската или полицијата, затоа што само тие две служби имаат таков тип на хеликоптер кој ги задоволува правилата за слетување во населено место. „Тоа се европски прописи на кои Србија се обврзала,“ рече еден српски пилот.

Ова задоволство организаторите ќе ги чини околу 3.000 евра, но тоа не е единственото барање на пејачката. Таа до „Скај Мјузик“ испратила дури 72 задачи односно желби кои треба да и се исполнат за Џеј Ло да се чувствува пријатно и безбедно во Белград.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.