Премиерно : Опасното време на Елена !

Објавено на 5 ноември, 2012 во 23:09

Спотот во кој Елена има улога на бунтовничка денес ја доживеа својата премиера. Со овој видео запис Елена се враќа на сцената во досега невидено издание. Песната „Опасно време” е снимена во студиото „Димитрови”, автор на музиката, аранжман и воедно продуцент е Дарко Димитров, а текстот го напишаа Мирко Попов од ПМГ и Елена.

 

Краткиот филм кој денеска премиерно беше прикажан е сниман на дваесеттина локации во Скопје и Охрид, во период од една седмица, во режија на младиот автор Даниел Јовески.

Покрај главната „хероина Елена“, во краткиот филм за песната „Опасно време“ играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви.

Поп пејачката во моментов се подготвува за својот настап на Скопскиот фестивал, каде ќе изведе емотивна балада.

Погледнете го спотот и оценете го и Вие :

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=HFZu5F5U9mY{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.