Како ќе изгледа сцената на Скопскиот Фестивал ?
На интернет се појавија слики од спектакуларната сцена на Скопскиот Фестивал. Фестивалот оваа година ќе биде вистински „бум“. Прекрасни композиции, изведувачи, сцена… Сите овие елементи ќе направат оваа фестивалска вечер да остане запаметена засекогаш.
МТВ се појавува како организиратор на годинашното издание на фестивалот, а 18 имиња од македонската сцена ќе не почестат со нивните нови песни придружувани од ревискиот оркестар на МТВ. На сцената во Македонската опера и балет ќе ги видиме Верица Пандиловска, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Андријана Јаневска, Драган Мијалковски, Бојан Стојков, Арија, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Лаура Крлиу, Нико Георгиевски, Александра Пилева и Влатко Илиевски.
За потврда дека Скопски фестивал се враќа на своите изворни корени и вредности и за потсетување на истите, во фоајето ќе биде поставена изложба со фотографии од старите изданија на фестивалот.