„ОПАСНО ВРЕМЕ“ НА Елена доаѓа на 5-ти Ноември

Објавено на 1 ноември, 2012 во 16:24

Долго очекуваната песна и видео запис Опасно време на поп пејачката Елена Ристеска во понеделник во етер. Песната е снимена во студиото „Димитрови“, автор на музиката, аранжманот и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Марко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.

Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност “краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески. Покрај главната “хероина Елена“, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот се снимаше на дваесеттина локациии во Скопје и Охрид во период од една седмица.

Со „Опасно време“ Елена се враќа на музичката сцена, по кратката пауза поради приватните обврски и свадбата и го најавува нејзиниот нов албум.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.