НАСА со објаснување: Што значи „Крвавата месечина“ оваа година?
Првото затемнување на Месечината од 2021 година ќе се случи во раните утрински часови на 26 мај. Но, она што го прави овој лунарен настан спектакуларен е фактот што овојпат ќе видиме супермесечина, затемнување на Месечината и црвена месечина одеднаш. Па, што значи сето ова?
Што е „Крвава“ месечина?
„Крвава“ месечина, инаку позната како целосно затемнување на Месечината, обично се јавува за време на Супер Месечина, кога Земјата е поставена директно помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја крие Месечината од сончевите зраци.
Во која било друга ноќ, Месечината добива директна светлина од Сонцето, но во оваа посебна ноќ, Месечината се префрла во најтемниот и најцентралниот дел на сенката на Земјата. Во овој момент, сонцето, Земјата и Месечината се речиси целосно порамнети. Наспроти верувањето дека ова би предизвикало Месечината да стане целосно темна, таа е осветлена од индиректна сончева светлина. Тоа резултира во морничава црвена боја, а оттука и името „крвава“ Месечина.
Какво е духовното значење на „Крвавата“ месечина?
Супер Месечините се сметаат за „помоќни“ од која било друга Месечина и колку е таа поблиску до Земјата, толку е поинтензивно нејзиното повлекување. Ова влијае на плимата и осеката, човековите инстинкти, чувства, па дури и компликации во животот. Се верува дека комбинацијата на Супер Месечината со затемнувањето резултира во моќна „фабрика“ на космички сили.
Затемнувањата симболизираат почетоци, но и завршетоци. Па така, доколку сте се мачеле со носење на голема одлука, сега е време да ја донесете, без разлика на тоа дали станува збор за крај на љубовна врска, или пак промена на работно место.
Оваа „Крвава“ месечина ќе биде и во знакот на Стрелецот, што е хороскопски знак кој копнее по авантура, спонтаност и нови приказни за раскажување. Немојте да се изненадите ако ова затемнување на Месечината ве натера да посакате нови искуства што можат да бидат спротивни на вашата вообичаена рутина.
Супер Месечината од оваа година се очекува да биде поголема од вообичаено, бидејќи ќе биде најблиску до Земјата, таа исто така се нарекува и „цветен месец“ поради изобилството на цвеќиња што цветаат на Земјата во тоа време.
Затемнувањето на месечината ќе трае околу 14 минути, а целиот настан околу пет часа, од 8:47 до 13:49 часот координирано универзално време. Од НАСА велат дека годинава, на 26 мај, Супер Месечината ќе биде делумно видлива каде и да е ноќ во тоа време. Жителите на делови од Азија и Австралија, САД и Јужна Америка ќе можат најдобро да уживаат во сцената. Во Азија таа ќе биде видлива во доцните вечерни часови, додека пак во САД во раните утрински часови.
Оние кои нема да бидат во можност да го проследат затемнувањето со голо око, организирана е виртуелна телескопска проекција.