Наскоро ќе може да разговараме на мобилен за време на авионски лет
Патниците со авиони во Европската унија од идната година ќе можат целосно да ги користат своите телефони за време на летање, пренесува „BBC“. Европската комисијја одлучи дека авиокомпаниите можат да понудат 5G технологија во авионите, со побавно користење мобилни податоци. Тоа значи дека патнциите во текот на летот повеќе нема да мора да ги ставаат телефоните на авионски начин на работа, иако и понатаму не е јасно како ќе се имплементира оваа одлука.
Рокот за земјите-членки да воведат 5G во авионите е 30 јуни 2023 година. Тоа значи дека патниците во текот летањето ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони, како што е користење телефонски повици, но и апликации за музика и видеа.
Тиери Бретон, европреатеник за внатрешен пазар, вели дека со овој план луѓето ќе добијат иновативни услуги и ќе им помогнат на европските компании да растат. Небото повеќе не е граница кога се во прашање можностите кои ги нуди супербрзата конекција со голем капацитет, пренесува „BBC“.
Даи Витингам, извршен директор на британскиот одбор за безбедност при летање, вели дека ставањето на мобилните телефони на авионски начин на работа претходно било битно поради недоволното знаење за влијанието на мобилните телефони вез технологијата во авионите. Додава и дека 5G мрежата во Европа користи фреквенции кои не го попречуваат летањето.