Објавен првиот тизер за „The Lord of the Rings: The Rings of Power“: Видеото досега брои 8 милиони прегледи

Објавено на 25 јули, 2022 во 11:49

Многу странски медиуми пишуваат дека ова ќе биде најскапата серија во телевизиската историја, а „BBC“ наведува дека за секоја епизода се потрошени 43 милиони фунти.

Актерската екипа ја сочинуваат Роберт АрамајоНазанин БонијадиМорфид КларкИсмаел Круз КордоваЕма Хорват и други, a притоа е објавен 3-минутен тизер од исчекуваната серија „The Lord of the Rings: The Rings of Power“ која би требало да излезе во септември оваа година.

Видеото кое е објавено на ЈуТјуб веќе брои повеќе од 8 милиони прегледи.

Во трејлерот се појавува Галадриел која ги предупредува елфовите дека војната за која мислат дека е завршена, всушност не е.

-„Злото не спие, тоа чека“, им вели таа. Злото тука е наводно Саурон кој не се појавува во трејлерот.

Се очекува серијата да има 5 сезони. Првата сезона ќе биде достапна во 240 земји, а епизодите ќе излегуваат еднаш неделно.

Приказната ќе се одвива илјадници години пред настаните за кои Џ. Р. Р. Толкин пишуваше во книгите „Хобит“ и „Господар на прстените“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.