Ограбен домот на Дејвид и Викторија Бекам: Крадци влегле додека парот бил во куќата

Предмети во вредност од илјадници фунти биле украдени од луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Се верува дека кражбата во нивната куќа во Кенсингтон се случила доцна во вечерните часови на 28 февруари додека Бекамови биле дома со нивната 10-годишна ќерка.
Имено, кражбата не била откриена се додека 17-годишниот Круз Бекам не се вратил дома од ноќно излегување. Тој веднаш забележал дека еден од прозорците е скршен и набргу сфатиле дека е ограбена спалната соба.
Портпаролот на лондонската полиција потврди за медиумите дека околу полноќ на 1 март, полициски службеници одговориле на повик за кражба во куќа во областа „W11“ во Кенсингтон.
Сè уште нема уапсени, а истрагата е во тек. Како што пренесуваат британските медиуми, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти.
