Откриено што Ким Кардашијан барала од Вест за време на разводот!
Ким Кардашијан и Канје Вест официјално се разведоа пред неколку дена. Сега се појавија и судски документи во кои може да се види што кажала Ким за раперот.
Имено, таа буквално му порачала на поранешниот сопруг да продолжи по својот пат.
– Навистина сакам развод. Го замолив Канје да го чува во тајност нашиот развод, но тој не го стори тоа. Канје стави многу дезинформации за нашите приватни семејни работи, што предизвика емоционален стрес. Верувам дека судот кој ни го раскина брачниот статус ќе му помогне на Канје да прифати дека нашата брачна врска е завршена и да тргнеме напред на подобар пат кој ќе ни помогне да го надминеме ова во мир – пишувало во тој документ.
Ким и Канје се договорија за заедничко старателство над нивните четири деца.
Инаку, во последно време раперот често го прозива нејзиното сегашно момче Пит Дејвидсон, а на последното видео кое го објави дури и го обезглавува, што многумина ги шокираше.