Паметно и слатко: Сопственик на кученце проверил дали може да го прелаже (видео)
Објавено на 8 април, 2022 во 11:03

Сопственик на тримесечен германски овчар решил да провери дали може да го прелаже своето кученце. Но, кученцето било толку добро тренирано, што не паднало на неговиот трик.
На снимката која е објавена на Тик-ток, германскиот овчар Смитен седнал пред сопственикот и ја чекал наредбата „free“, која би значела дека тој е слободен. Сопственикот се обидел да го прелаже, па почнал да употреба зборови кои звучат слично на „free“ – „friends“, „four“, „French“, „freak“, „frog“ и „frosting“. Смитен внимателно ги слушал сите зборови кои ги изговарал неговиот сопственик, но седел на место сѐ додека не го слушнал зборот „free“.
„Има само три месеци и никој не може да го прелаже. Толку сум горд“, напишал сопственикот на Смитен.
