Петар Грашо и Хана Хуљиќ станаа родители
Објавено на 18 јули, 2022 во 12:26
Хана Хуљиќ роди девојче во сплитското породилиште, пишува „Далмација Данас“. Како што беше претходно познато, пејачката требаше да се породи на 23 јули, но бебето пристигна порано.
Бебето пристигна со царски рез.
Хана наутро пристигнала во породилиштето, а попладне се породила. Ова е прво дете за неа и музичарот Петар Грашо.
Неодамна се шпекулираше дека парот планира да го крсти девојчето Алба, но името на бебето се уште не е потврдено.