По шестгодишна пауза, Адел објави нов албум: Слушнете ги сите нови песни

Објавено на 19 ноември, 2021 во 12:41

На чекањето му дојде крајот. По шестгодишна пауза, Адел објави нов албум со има „30“.

Во него има 12 нови песни, а според критичарите, музичката ѕвезда завршила одлична работа.

Роб Шефилд од магазинот „Ролинг Стоун“ го прогласи „30“ за најдобар албум на Адел досега и рече дека „никогаш не звучеле подиво“, пренесе „Дејли мејл“.

Инаку, Адел минатиот месец го објави синглот „Easy On Me“, кој исто така е дел од албумот „30“. Песната го воодушеви светот, а моментално има повеќе од 164 милиони прегледи на YouTube.

Целиот албум може да го слушнете со кликнување на плејлистата:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.