Подводен музеј кој туристите го посетуваат во костум за нуркање (Видео)
По должината на брегот на Аја Напа на Кипар има посебен музеј, а посетителите кои сакаат да го посетат мора да носат костум за нуркање и да земат боци со кислород со себе.
Музејот на подводни скулптури во Аја Напа (MUSAN) е создаден како идеја на скулпторот, екологот и фотограф Џејсон деКаирес Тејлор.
Тој го изградил со намера да помогне во обновувањето на морскиот екосистем, за да помогне биодиверзитетот да напредува во областа.
Неговите уметнички дела, поточно 93, се направени од комбинација на висококвалитетен нерѓосувачки челик и неутрален бетон, со цел да бидат погодни за морскиот свет.
Скулптурите се поставени на длабочина од 8 до 10 метри, а на површината имаат специјално направена текстура која им овозможува на коралите, сунѓерите и другите организми да се закачат и растат.
На овој начин уметникот сака да го привлече вниманието на се позагрозениот морски систем и да помогне да се подигне нивото на самосвест кај туристите.