Рапер си направил тетоважа со бројот од банкарската сметка: Фановите почнаа да му уплаќаат пари (видео)

Објавено на 8 април, 2022 во 10:59

Корејскиот рапер Ву Вон објави видео на „Јутјуб“ во кое на своите обожаватели им го објаснуваше значењето на неговите бројни тетоважи, а во еден момент ја покажа и тетоважата на раката која го прикажува всушност неговиот број од банкарската сметка.

Ву откри дека се тетовирал во истиот ден кога го потпишал договорот со издавачката куќа „AOMG“, неговиот прв договор кој го потпишал во животот.

Раперот призна дека му било тешко да го бара бројот од банкарската сметка секој пат кога одел во банка, па токму затоа решил да ја направи оваа тетоважа.

Откако неговите обожаватели ја виделе тетоважата, тие започнале да му уплатуваат пари.

„Обожавателите постојано ми испраќаат пари. Тоа не беше мојата намера, па токму затоа апелирав да престанат“, откри Ву.

Сè уште не е познато дали фановите го послушале, ниту пак што направил тој со парите кои досега ги добил од нив.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.